Радио Милева убавко на душичката

 „Седи си и ич не објаснувај…“: Снеже Велков откри кое и е најубавото место на светот за седење (фото)

 „Седи си и ич не објаснувај…“:  Снеже Велков откри кое и е најубавото место на светот за седење (фото)

Со насмевка до уши и зеленило во позадина водителката Снеже Велков ги израдува нејзините следбеници со нова објава на Инстаграм.

Снеже е позната по тоа да сподели што мисли, како се чувствува, што прави во моментов, дали е среќна или тажна…

Па така, овој пат таа позираше во спортска облека, но за нејзините обожаватели на социјалната мрежа каде што е активна  напиша и еден  подолг опис  во кој објасни како се чувствува.

Нејзиниот одговор беше мотивирачки за сите, а целта и беше да ги освести оние кои имаат големи барања од животот и поради тоа често се незадовони од опкружувањето.

Затоа Снеже сега праша:

– Знаеш ли каде е најубавото место на светот?
Таму каде тебе ми ти е убавко на душичката  – беше нејзиниот одговор, а потоа додаде:

– Макар и на скалите, ако ми ти е убавко седи си и ич не објаснувај…

– Луѓе се тоа, ќе ти истурат вода да биде мокро да не можеш да си седнеш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

И додека сите што прочитаа  помислија дека ова е пост за скалите таа се дообјасни и додаде дека не е така:

– И не, ова не е пост за скалите –  се дообјасни на крајот, кои пак ако се само употребени како метафора, можат да водат и нагоре и надолу, па затоа најдобро е да се седи на нив,  ако нема никаков ризик  да паднете.

Секој ќе си го сфати на начинот на кој што нему му одговара, сепак важно е да се знае, а Снеже тоа и го практикува.

Фото: printskrin/instgaram/velkovsneze

To top