Младата пејачка Анѓела Игњатовиќ Бресквица привлекува големо внимание со својот атрактивен изглед.
И како што секогаш ја гледаме во врвни комбинации, таа сега покажа на Инстаграм како изгледа по тренинг.
Бресквица редовно тренира, што е очигледно, а сега се фали со своите резултати. Таа овој пат се фотографираше во лифт во топ и тесни шорцеви, па нејзините стомачни мускули и обликувани нозе беа во преден план.
Инаку, таа еднаш откри дека не обрнува многу внимание на исхраната и дека тоа ѝ е тешко.
– Јас сум некој што сака да јаде екстремно многу, особено нездрава храна. Не можам да одолеам. Порано не сакав да тренирам, и беше проблем да се обидам да се воздржам и да не јадам глупости што би ги јадела. Последните година и пол тренирам секој ден и го засакав здравиот живот. Се грижам за храната, сакам да готвам, сè, уживам да одам на тренинг – рече пејачката.
foto:printscreen/instagram/brrrreskvica