Радио Милева најголемото богатство

„Се славеше 40-ка, се наздравуваше“: Александра Пановска Илиевска ги сподели убавите моменти од заедничката прослава на Јубилејот со пријателите

„Се славеше 40-ка, се наздравуваше“: Александра Пановска Илиевска ги сподели убавите моменти од заедничката прослава на Јубилејот со пријателите

Македонската водителка, познатото ТВ лице, која долго време  ја гледаме на утринската програма на Канал 5 телевизија, вчера го прослави својот роденден.

Водителката Александра Пановска- Илиевска наполни 40 години, а по тој повод организираше прослава со своите пријатели.

Во таа прилика таа изјави дека вистинското пријателство е најголемото богатство кое може да го имате и затоа треба да го чувате, а поради тоа таа се чувствува позадоволна и порадосна.


Водителката објави неколку „сториња“ како и постови преку кои ги сподели убавите моменти и од срце им се заблагодари на сите за убавите честитки кои ги доби , а кои и го разубавија јубилејот.

– Од сѐ срце Ви благодарам на сите за вашите честитки и убавите желби и зборови, со кои ми го разубавивте и збогативте мојот роденден🥂

Животот е поубав кога има со кого да споделиш радост.

Веселата атмосфера, надополнета со роденденски декорации, таа ја сподели со нејзините следбеници и воедно им се заблагодари на драгите пријатели  што ѝ го направија јубилејот поубав.

Инаку, Александра годинешниот одмор во јуни го искористи семејно на грчкиот остров Евија, а тогаш се огласи и од убавата туристичка дестинација.

– Патувај доживувај, учи и уживај  –  напиша во описот и ги мотивираше и останатите да го направат истото.

 

Foto: print Screen/Instagram/aleksandra_panovska_ilievska

To top