Пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина неодамна се разведоа по 22 години заеднички живот.
За време на бракот, двајцата добија две деца, синот Кан и ќерката Џина, а во меѓувреме Мелина стана многу успешна модна дизајнерка.
Харис е три децении постар од неа, но секогаш велеа дека разликата во години не им е проблем и имаа само пофални зборови еден за друг, а Мелина на почетокот на нивната врска изгледаше многу поинаку од денес.
Нивната ќерка во една прилика на социјалните мрежи објави фотографија од нејзините родители од младоста, поточно од периодот кога Мелина беше во породилиште, а ние имаме можност да видиме како изгледала во тој период.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) July 14, 2023
Многумина коментираат дека модната дизајнерка денес изгледа многу подобро и поубаво, а многумина шпекулираат дека направила и некои естетски корекции.
Сепак, таа никогаш јавно не проговори за тоа, ниту ги коментираше овие шпекулации.
Фото: printskrin/instagram/biznis_brend_cg/Х