Марко Миљковиќ предизвика низа скандали поради кои заврши во притвор, а неговата сопруга Луна Ѓогани за сето тоа време не се огласи.
Јутјуберот денеска е ослободен, а во меѓувреме обвинителството најави дека ќе се жали, а со оглед на тоа дека сите шпекулираат за тоа што се случува во неговиот дом, блогерката тоа го откри во својата последна објава.
Имено, таа сподели фотографија преку Инстаграм, а на неа можеме да видиме дека по неколку бурни денови нивното семејство конечно е заедно, поточно дека сите заедно уживаат во друштвените игри.
Да потсетиме, за инцидентот што го предизвика Марко Миљковиќ, на еден наста, став беше побаран и од Слоба Радановиќ.
– Не знам што се случило. Ништо не следев во медиумите. Не сум за никакво насилство, поддржувач сум на тоа дека се може да се реши со разговор. Не верувам дека е нешто премногу сериозно – изјавил Слоба за тамошните медиуми.
фото: printskrin/instagram/luna_djogani