Пејачот и ријалити учесник Адам Лабунски и неговата сопруга Јелена пред една година се реалириаа како родители за првпат, ланскиот месец ноември им донесе голема среќа и благослов – ќеркичката Хана.
Сега, по 12 месеци исполнети со радост и среќа, но и предизвик да се биде родител, на ред дојде повторно да се слави, роденденот на ќеркичката, но и нејзината крштевка.

Повод за мама Јелена и тато Адам да ги поканат најблиските на чело со кумата за да се направи црковниот обред за малечката да ја прими верата Христова.

За роденденот и крштевањето како почеток на духовниот живот, духовното раѓање за вечност, се кренаа чашите за здравица во име не малата Хана.

Тато Адам како што е ред, честеше и славеше заедно пред најсаканите луѓе, понесен од радост и среќа тој се фати за микрофот, се наздравуваше и честиташе за наследничката.

За потсетување, Адам и Јелена се свршија два месци откако се роди ќеркичката, па можеби ова лето веќе со приновата во раце ќе направат и свадба, ако воопшто е во опција.
фото: Instagram printscreen/ adamlabunski



