Дарко Ангеловски-Шаби го изговори судбоносното „ДА“.
Македонскиот одбојкарски репрезентативец стапи во брак со неговата сакана, Меги Јанковска, на која претходно ѝ приреди позитивно новогодишно шок изненадување, запродувајќи ја среде лет во авион.
View this post on Instagram
Среќните младенци објавија фотографии од денот кога се заколнаа на вечна љубов.
Двојката најпрвин љубовта ја круниса откако си си кажа „ДА“ на црковна церемонија во скопскиот православен храм, Свети Димитрија…
Таму младите со свадбените круни на главите и во рацете свеќа, се заколнаа пред Бога дека ќе бидат верни еден на друг и заедно довека.
Потоа љубовта ја заверија и со потпис со кој стапија и во граѓански брак, откако матичарот им дојде во ресторанот.
Таму под покривот на лозницата го прославија среќниот момент со музиката на тамбурашите, опкружени со најблиските, сведоците, роднините и другарите.
Шаби, кој покрај одбојкарската кариера работи и како пожарникар, сподели фотографии од свадбата на својот Инстаграм профил, кои ги опиша со еден збор кој значи се’, а пишува: „Моментиште“!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/shabskiot