Сашка Ѓоковиќ, сопруга на Ѓорѓе Ѓоковиќ и снаа на тенисерот Новак Ѓоковиќ, направила скандал во авионот што слетал во Париз, кога ја нападнала стјуардесата што била на тој лет.
Имено, според извор за српските медиуми кој случајно се нашол на лице место во авионот, на Сашка не ѝ било дозволено да оди во тоалет, бидејќи во тој момент авионот слетувал на пистата, што исто така е строго забрането, по што предизвикала скандал.
Сопругата на Ѓоковиќ наводно ја навредувала и ja турнала стјуардесата пред сите присутни, а нејзиното арогантно однесување ги шокирало патниците.
– Беше страшно. Никогаш не сум видел такво однесување. Кутрата девојка не знаеше што ја погоди, а само ги следеше упатствата кои важат за сите, без исклучок. Сашка и кажа колку е грда и како не може да поверува дека некој таква ја вработил. Во моментот на излегување од авионот ја оттурнала со двете раце – ни изјави извор кој случајно се нашол во авионот во тој момент.
Тамошните медиуми сега пишуваат за инцидентот што наводно се случил во авионот, на летот за Париз.
Шокирана од она што го прочитала, проговори Сашка Ѓоковиќ и откри дека не разбира зошто се споменува нејзиното име кога таа нема никаква врска со тоа.
Таа се пожали и дека досега никој од новинарите не и се јавил да ја провери точноста на информацијата.
– Искрено, не сум свесна за што се работи, ниту зошто се споменува моето име во оваа приказна. Забележав дека повеќето ја објавија оваа вест, а никој од новинарите, иако го имаат мојот контакт, не ја провери точноста, денес не ми заѕвони телефонот – рече Сашка и додаде:
– Ваквите приказни не се дел од мојот живот или вредности, па немам потреба да ги коментирам или да се правдам во ситуации во кои ниту сум се нашла – изјави Сашка Ѓоковиќ.
фото:Printscreen/Instagram/saskaveselinov