Пред неколку дена се појавија вознемирувачки снимки од надзорни камери кaдe што хип-хоп ѕвездата Диди, со вистинско име Шон Комбс, како физички ја напаѓа својата поранешна девојка Кеси Вентура во 2016 година.
Раперот Пи Диди сега јавно проговори по хаосот кој настана на социјалните мрежи.
Педесет и четиригодишниот рапер Шон Диди Комбс го прекина молкот откако се појави шокантно видео на кое се гледа како ја тепа својата поранешна девојка Кеси Вентура. Откако видеото стана јавно, Диди упати јавно извинување на Инстаграм, наведувајќи дека чувствува каење за своите постапки.
Комбс сподели видео и, меѓу другото, ја презеде одговорноста за своите постапки.
View this post on Instagram
„Толку е тешко да размислуваш за најмрачните мигови во својот живот. А, понекогаш мораш. Бев зафркнат. Мислам дека тогаш го допрев дното, но не барам изговори. Моето однесување во тоа видео не се оправдува. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки на тоа видео. Ми се гадеше кога го направив тоа, ми се гади сега“, пишува Диди, додавајќи дека потоа побарал стручна помош и оти „бара прошка од Бога“.
Но, Окружното обвинителство на Лос Анџелес не може да поднесе обвинение против него, велат оттаму, поради застареноста на случајот.
„Свесни сме за видеоснимката што кружи на интернет, на којашто наводно се гледа како Шон Комбс напаѓа млада жена во Лос Анџелес. Сметаме дека сликите се крајно вознемирувачки и тешки за гледање. За жал не можат да се поднесат обвиненија бидејќи однесувањето се случило надвор од временската рамка во којашто лицето може да се гони за кривичното дело напад“, се вели во соопштението.
На снимката, раперот без кошула, со крпа околу половината трча по Кеси низ ходникот од хотелот, додека таа се обидува да влезе во лифтот. Во тој миг, ја фаќа за глава и ја удира од подот, па ја удира и со нога додека девојката лежи на земја, пред да ја одвлече во нивната соба.
🇺🇸 | Sean Combs, also known as Diddy or Puff Daddy, seen physically assaulting his ex-girlfriend Cassie in a newly released video from 2016 pic.twitter.com/cMNHNhtpdj
— Kafka (@kafka090188) May 18, 2024
Инаку, Комбс и Вентура претходно постигнаа судска спогодба еден ден откако пејачката поднесе тужба против раперот и музички продуцент за физички напади и сексуално искористување. Девојката тврдеше дека Диди бил склон кон „неконтролирани бесови“ и честопати „дивјачки ја тепал“. Наводно, сѐ се одвивало пред неговите вработени, а и често ја терал да го носи неговото огнено оружје во нејзината чанта „за да ја потсеќа дека тој е способен“ тешко да ја повреди.
фото: printskrin/instagram/diddy