Се одржа финалето на деветтата сезона на популарното натпреварување „Никогаш не е доцна“.
Сашо Бешески освои дури 6087 во натпреварот „Никогаш не е доцна“, во категоријата со најголем број на СМС гласови.
По победата тој изјави дека жали само за едно што не се оженил, но можеби тоа сега ќе се промени.
– Чувството е феноменално, ова не го очекував ниту во соништата. Дојдов да покажам што имам во однос на пеењето, не се надевав на награда. Најголема поддршка имаа моите Македонци, но и сите на кои им се допадна мојата песна. Ова е повеќе од сон – рече Сашо, а потоа додаде: – Никогаш не е доцна за брак. Доаѓаат дами, веќе почнувам да размислувам за тоа. Емисијата „Никогаш не е доцна“ отвори нови познанства, пријателства и нови можности.
Сашо, кој многу емотивно ја прими веста за победата во категоријата СМС гласови, сега слави, а поради болеста на мајка му за малку не се откажа од конкуренцијата.
Мајката на Сашo добила мозочен удар по една емисија „Никогаш не е доцна“, па натпреварувачот размислувал да се откаже.
– Ги надминав тие моменти бидејќи мајка ми почна да закрепнува, многу брзо. Многу сакав да се откажам, немав сила за ништо. Ми недостигаше вечерва, но знам дека ме гледа дома и навива за мене. Сега таа е радосна и среќна. Сите се победници вечерва, не само јас – изјави победникот на „Никогаш не е доцна“.
Инаку, шоуто „Никогаш не е доцна“ има тројца победници, победникот на гласовите на Фејсбук, победникот на гласовите за СМС и победникот на стручното жири.
Најголем број на гласови на Фејсбук годинава и припадна на пејачката Селма Чавкиќ. Најголем број СМС гласови, дури 6087, освои Сашо Башески на натпреварот „Никогаш не е доцна“. Трета победничка на натпреварот „Никогаш не е доцна“ според мислењето на стручното жири е Ружица Чавиќ.
фото: printskrin/YouTube