Седумнаесеттата сезона на најгледаното музичко натпреварување во регионот „Ѕвезде Гранда“ завршува во сабота, а „Гранд продукција“ подготви богат паричен фонд за победникот кој публиката ќе го изгласа преку СМС гласови во текот на финалната вечер која ќе се одржи на 8 јуни во студиото во Кошутњак со старт од 21 часот, а кај нас ќе се прикажува на ТВ Сител.
Сепак, иако најдобрите ќе триумфираат, останатите финалисти нема да бидат оштетени од продукцијата, па и тие ќе бидат наградени.
View this post on Instagram
Како што пишува порталот Гранд, победникот на „Ѕвезде Гранда“ ќе добие статуа, песна и автомобил, како и комплетен маркетинг.
Не само што продукцијата ќе ги финансира најважните работи како телевизиските настапи, туку и најдобриот менаџерски тим ќе се грижи за настапите и гостувањата во најдобрите клубови и дискотеки.
Но, светлата иднина не му се насмевнува само на победникот, туку и на останатите финалисти кои покрај договорот со најголемата продукциска куќа и грижата за настапот ќе добијат и песна. Професионалниот музички тим на најголемата продукциска куќа ќе одлучи кој од финалистите ќе добие песна од „Гранд“.
Многу големи ѕвезди се родија токму преку конкуренцијата во „Ѕвезда Гранда“, а најголемиот успех во последно време го забележа Александра Пријовиќ, која ги полни концертните сали во регионот.
Дали некој од нив ќе успее да ја надмине Александра и дури 17 победници на најгледаното музичко шоу ќе дознаеме со време, а кој ќе ја освои титулата победник на седумнаесеттата сезона на „Ѕвезда Гранда“ ќе дознаеме на сабота.
фото: You Tube printscreen/ Zvezde Granda