Радио Милева Кому да верува(м)?

Саша Ковачевиќ заврши на инфузија, па ги загрижи обожавателите, ама и се пошегува на своја сметка: „Брцни и терај“!

Саша Ковачевиќ заврши на инфузија, па ги загрижи обожавателите, ама и се пошегува на своја сметка: „Брцни и терај“!

Популарниот пејач Саша Ковачевиќ ги загрижи своите обожаватели кога сподели фотографија со инфузија на социјалните мрежи.

На сликата се гледа како тој прима терапија, што предизвика бројни коментари и пораки за поддршка, а пејачот се пошегува на своја сметка: „Брцни и терај“!

Наводно, пејачот примил инфузија поради високата температура, а неговата објава покажува дека тој моментално е згрижен, но во исто време и загрижен за своето здравје.

Имено, во исто време два исти дигитални топломери му измерија различна температура. Разликата е мала и незначителна, ама сепак ја има. Пејачот вчудовиден, веднаш изреагира со коментар од насловот на една негова песна: „Кому да верувам“?

Обожавателите исто така веднаш изразија загриженост и испратија пораки за поддршка, надевајќи се дека Саша брзо ќе се опорави.

Фото: Instagram/sashakovacevic

To top