Радио Милева интимен момент

Саша Ковачевиќ ја запроси Зорана по 10 години врска

Саша Ковачевиќ ја запроси Зорана по 10 години врска

Популарниот пејач Саша Ковачевиќ конечно одлучи да ѝ предложи брак на својата долгогодишна девојка Зорана Тасовац по десет години врска.

Саша Ковачевиќ конечно ќе се жени. Тој клекна на колено пред саканата Зорана и ѝ подари свршенички прстен, а видеото од интимниот момент го сподели на Инстаграм.

Во видеото се гледа моментот на запросување, кога од задниот џеб на панталоните вади кутија со прстен, реакцијата на Зорана, но и неколку нивни заеднички фотки од изминатите години, а на нив е и ќерката на Зорана од првиот брак, Искра.

Изминатите години новинарите не пропуштаа да го прашаат Саша кога ќе се жени, а тој најчесто одговараше дека не брза и дека со Зорана и Искра се семејство.

Денес си мојa, утре си мојa.! Напиша тој на обајвата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)

To top