Македонската пејачка Сара Мејс и нејзиниот сопруг, познатиот водител Димитар Атанасовски ова лето уживаат на полуостровот Пелопонез во друштво на нивните деца, ќерката Илина и синот Кирил.
Тие ги полнат батериите во сончевата Грција, а оттаму се огласуваат и ги споделуваат на Инстaграм убавите семејни моменти од одморот.

Сара не изостави да се фотографира во провокативен костим за капење па пред следбениците го покажа извајаното тело. Полна со самодоверба, задоволно позираше пред камерата на мобилниот од хотелската спална соба.

Таа покажа како си поминува правејќи фотосесија и во костимот за капење додека одмара на лежалката во првиот ред на плажата.

Во костимот за капење таа зрачи со природна убавина, искрено и ненаметливо. Со насмевка што плени и опуштен став, го прифаќа моментот на мир и радост покрај морето.

Сара, додаде уште еден прекрасен кадар, опуштено позирајќи пред морскиот пејсаж, додека бикините ја нагласуваат нејзината фигура која заслужува чиста десетка.

Пејачката со својот хармоничен изглед без грам вишок ги инспирира и другите да ја ценат сопствената уникатност и да уживаат во животот со љубов и позитивна енергија.
Foto: printscreen/instаgram




