Радио Милева збогување

Сара Мејс објави заедничко видео со Сара и Ана: „Ах бе Сарче, не искина…“ (видео)

Сара Мејс објави заедничко видео со Сара и Ана: „Ах бе Сарче, не искина…“ (видео)

Во последниот поздрав до својата колешка и пријателка Сара Пројковска, харфистката и пејачка Сара Мејс објави заедничко видео каде е  заедно со Ана Костадиновска и трагично починатата Сара.

Додека Сара Мејс ја пее и свири на клавир нејзината  песна „Градина од цреши“, вокално ја придружуваат Ана и Сара.

Покрај видеото кое стои во „стори“ објавите, Сара Мејс се прости од својата имењачка, колешка и пријателка Сара Костадиновска со емотивни зборови:

-Ах бе Сарче, не искина…Не може од глава да ми излезе твојата насмевка и твојата позитувна енергија што секогаш ја носеше и заразно ја ширеше, светла жено низаедна.. Прерано згасна, не е фер.. Нека ти е светол патот кај ангелите.

Инаку, Ана и Сара како придружни вокали досега многупати настапувале заедно и со Сара Мејс, а и за гореспоменатата песна кога беше отпеана на „Скопски фестивал“ 2015 година.

фото:Instagram printscreen/sarahmace__

To top