Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Jо, неодамна се најде на мета на критики дека се здебелила, кои ги игнорираше и покажа дека е среќна, исполнета и полна со самодоверба.
Сега веќе десетина дена со партнерот таа ги „полни батериите“ на брегот на Јадраското Море.
Сара Јо неодамна отпатува во Црна Гора со своето момче Жиг Сотлар, а сега сподели неколку фотографии со кои ги „запали“ социјалните мрежи.
Имено, пејачката позираше во минијатурно кафено бикини истакнувајќи ја својата витка линија.
На своите следбеници на социјалните мрежи Сара им покажа како ја средува косата во пунџа, но фокусот е сепак на нејзиното тело.
Во тесното бикини таа не може да ги задржи бујните гради кои „се разелеваат“ од горниот дел, со што многумина останаа изненадени.
фото: preentscreen/instagram/sarajoofficial