Пејачката Сандра Решиќ се обиде да ја доведе својата линија до совршенство, а сега со кадрите од теретана покажа дека успеала во тоа.
Решиќ никогаш немала проблем отворено да зборува за нејзината борба со вишокот килограми. Таа со години се обидуваше да ослабе и да ја доведе својата фигура во ред, а сега покажа дека и успеа.
Физичкиот изглед на Сандра е драстично поинаков, а доказ за тоа е најновата слика од теретана која пејачката ја сподели на својот Инстаграм профил.
Додека позираше во огледалото, таа ги спушти хеланките и го повлече горниот дел за подобро да го покаже својот затегнат стомак.
– Новата јас – напиша таа во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Сандра ослабе речиси 50 килограми, а своевремено зборуваше за исхраната и како ги симнала килограмите користејќи автофагија.
– Тешко ми беше. Дури и во тие шест часа во кои јадев, внесував многу малку храна. Поради тоа паѓав во несвест! Бев болна цел ден, но со текот на времето телото ми се навикна малку да јадам – изјавила претходно за „Хајп“.
фото: printskrin/instagram/sandra_resic