Познато е дека на приватните прослави не се штедат пари, а луѓето се веселат и даваат бакшиш на музичарите.
Доказ за тоа овој пат беше и видеото објавено на кратката Инстаграм приказна кај фолк пејачката Сања Цинцева .
Забавата била организирана во дворот кај славениците, а гостите на свадбата ги забавувала Сања попозната како Сања – Барбика.
Македонската фолкeрка го изведе хитот „Југословенка“ и на присутните им направи забава за која ја наградија. Таа покажа дека рацете и се полни со бакшиш, а насмевката од лицето не ја тргаше.
Гостите ја опсипале со дожд од евра, денари и долари, а колку добила точно, знае само фолкерката.
фото: Print Screen/Instagram/sanjacincevaa