Откако по неколкумесечна апстиненција од киснење на социјалните мрежи и во медиумите, Кристина Димитри неодамна се врати во јавноста… Атрактивната тетовка после толку месеци конечно излезе од „илегала“ и се врати на Инстаграм, а сега и одново стана интересна за разни емисии и поткасти. Најмногу занимлив и податлив за скокотливи прашања отсекогаш бил нејзиниот приватен живот, особено сега кога полека, чекор по чекор почна да ја открива и демистифицира својата љубов со новиот човек во нејзиниот живот.
Поучена од искуството од минаттото, секој свој потег, секој чекор очигледно внимателно го планира, особено дали и колку ќе прикаже во јавноста од она што и се случува во приватноста, која за очите на љубопитните следбеници на социјалните мрежи, но и за сите останати, Кристина „ја дозира на кафено лажиче“!
При последното гостување во поткастот, седната на „Жешкото столче“, острото око на домаќинот забележа дека заедничките фотографии со новото момче на нејзиниот Инстаграм профил, полека ги снемува.
До душа не сите, ама повеќето како да исчезнале, па Кристина се потруди да објасни зошто ги брише заедничките фотографии од Инстаграм.
Од нејзиното образложение произлегуваат два заклучоци. Или атрактивната тетовка нашла рецепт за „љубовна одмазда“ за да му го „е*е денот“ на љубовникот кога ќе се скараат и тој ќе ја изнервира, или има уплав од уроци, па се плаши душманите да не и ја уништат заедничката среќа?
За првото „лекот“ ќе мора да си го најде самата, а за второто, чаре ќе мора да побара или од поп или од бајачка! Зависи во што верува! А вие погледнете, па и самите просудите…
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/kristina.dimitry