Мегафон

Редакцијата на „Вистина“ Ви посакува Среќна Нова 2026 година

Редакцијата на „Вистина“ Ви посакува Среќна Нова 2026 година

Зад нас е уште една година полна со заеднички моменти…

Изминаа 365 дена од 2025-та, поминати заедно – ние од редакцијата на Вистина.мк и вие, нашата лојална читателска публика на нашиот портал. Се надеваме дека сме ве насмеале, изненадиле, фасцинирале, понекогаш и шокирале, но секогаш релаксирале и опуштиле. Нам, не ни се приоритет политиката, црните вести, катастрофите или немилите случки – ние сме тука за поубавата страна на животот. Сепак, новинарската етика и одговорноста кон вас понекогаш нè обврзуваат да го споменеме и она што не е розово и блескаво.

Како и секогаш, се трудевме да бидеме уникатни, оригинални и издржано четиво за вас – „лектира“ за конкуренцијата што копира.

Затоа и само една има Вистина… Вистина.ком.мк… Се’ друго е… знаете веќе што!

Да сте живи, здрави, радосни и исполнети!Нека 2026-та ви донесе бериќет, среќа и убави изненадувања, многу поубава од оваа која заеднички ја испраќаме! Останете ни верни, зашто Вистина.ком.мк никогаш нема да ве изневери!

Редакцијата на „Вистина.ком.мк“ Ви посакува Среќна Нова 2026 година!

 

To top