Водителката на „Пинк“, Сања Маринковиќ често привлекува големо внимание со својот стајлинг.
Сања сега на Инстаграм го покажа изданието во кое ја снимаше последната емисија „Магазин ин“, а на мажите им „паднаа вилиците“ кога видоа што носи.
Имено, Сања се одлучи за мини жолт фустан кој имаше огромен шлиц меѓу градите, па нејзиниот градник целосно од тантела беше во преден план.
Да потсетиме, Сања Маринковиќ неодамна гостуваше во емисијата „Мој дан, Блиц дан“ каде зборуваше за разводот, но и како да ги воспитува ќерките.
– Да имам ќерка, многу повеќе би ја советувала да избере добар партнер отколку себе, бидејќи ако роди неговото дете, ќе биде врзана со него до крајот на животот, а тој може да и го уништи животот многу и поради него може да се разболи, отколку на кој факултет ќе се запише и колкава ќе и биде просечната оценка и каде ќе се вработи и колку пари ќе има во паричникот – рече таа и објасни:
-Верувај, можеш да имаш успех колку сакаш, и аплаузи, и пари во паричникот и безгрижен живот, кој тој човек може да ти го уништи преку ноќ – изјави водителката во емисијата „Блиц дан“.
фото: printskrin/instgaram/sanjamarinkovicofficial