Кога Аца Лукас и Соња Вуксановиќ се разведоа во 2019 година, куќата на Бежанијска коса, каде што како семејство живееја со наследничката Викторија и ќерката на Соња од првиот брак, Софија, и припаѓаше на Соња.
Сега, како што пишува Курир.рс, Соња Вуксановиќ ја продаде куќата за вртоглави 750.000 евра.
Со парите што ги земала Соња во таа прилика купила два луксузни стана во Нов Белград.
View this post on Instagram
– По разводот со Аца, Соња неколку години живееше со ќерките во таа куќа, но, како што е познато, недвижниот имот со двор бара многу време за одржување и многу вложување, па тоа беше една од причините зошто решила да го продаде. Го купил менаџер од шоубизнисот. Од добиените пари Соња можела да си дозволи два стана – вели изворот.
Соња Вуксановиќ продала куќа во Бежанија, луксузен имот на две нивоа, со луксузен двор и базен, а со наследничката Викторија се вселила во едниот од двата стана што ги купила, додека другиот го издавала.
View this post on Instagram
– Дел од мебелот од старата куќа преселила во новиот стан. Локацијата е одлична, таа е презадоволна. Сè е блиску до неа и воопшто не зажалила за одлуката да се пресели – заклучува изворот.
фото:Instagram printscreen/ sf__fashion__style