Сопругата на Слоба, Јелена, сподели фотографија на својот Инстаграм профил и покажа како изгледа раката на пејачот по операцијата.
Кон средината на минатиот месец пејачот Слоба Радановиќ мораше да оди на операција на раката, откако по четврти пат ја скрши.
Иако интервенцијата била итна, пејачот имал рутинска операција која траела кратко.
Ден по операцијата, Радановиќ веќе се појавил на настан во српската престолнина и рекол дека повредата не е страшна, но сепак морал да помине под нож.
Неговата сопруга Јелена Радановиќ сподели фотографија на својот Инстаграм профил и покажа како изгледа раката на Слоба сега, по интервенцијата.
Таа истакна дека Радановиќ ги извадил конците, но дека тој воопшто не сака да ја слуша, туку се да прави „на своја рака“.
фото: printskreen/instgaram/slobaradanovic