Радио Милева за подмладување

Рада Манојловиќ планира да ја пие сопствената урина: „Слушнав дека е добро“ (фото)

Рада Манојловиќ планира да ја пие сопствената урина: „Слушнав дека е добро“ (фото)

Пејачката Рада Манојловиќ зборуваше за еликсирите за подмладување, споменувајќи ги лежањето во када полна со мраз и консумирањето урина, методи што ги користи „кралицата на попот“, Мадона. Сепак, Рада истакна дека не е подготвена да оди толку далеку.

„Видов дека и спортистите постојано се во некаков мраз, па тоа веројатно е добро за мускулите или нешто друго. Морам да го проучам тоа. Што се однесува до урината и за тоа читав дека е добро, но не знам дали би одела во такви крајности. Се сакам себе  си и би сакала да живеам сто години како Рокфелерите и Ротшилдови кои си купиле здравје и години, но сепак, не сум сигурна за тоа“, изјави Рада во една од емисиите на Пинк.

Сепак, постои метод што ѝ се допаѓа на Рада, а е поврзан со покојниот Мајкл Џексон.

„Би сакала да пробам, како Мајкл Џексон, хипербарични комори“, изјави Манојловиќ, коментирајќи ги фотографиите кои своевремено го потресоа светот, на кои пејачот лежи во комора каде што терапијата се изведува со кислород под зголемен притисок, што позитивно влијае на здравјето и на подмладувањето.

фото: printscreen/instagram/radamanojlovic.carica

To top