Рада Манојловиќ се појави на промоцијата на првиот албум на српската пејачка Анѓела Игњатовиќ, а фустанот во кој се појави ги привлече сите погледи бидејќи силно наликува на легендарниот фустан на Версаче кој го прослави Џеј Ло.
Српската пејачка Рада Манојловиќ синоќа пристигна на промоцијата на првиот албум „Турбо и фолк“ на младата пејачка Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица. Манојловиќ го привлече вниманието со својата комбинација на облека, која многумина ги потсети на незаборавниот фустан на Версаче кој во 2000 година го прослави латино дивата Џенифер Лопез.
View this post on Instagram
Рада спремно им позираше на фотографите во долг зелен фустан со шлицови и длабоко деколте, а во еден момент го подигна фустанот и ги покажа своите витки нозе.
Сличен фустан носеше и Лопез на црвениот тепих на 42. Греми награди во 2000. Таа се појави во зелен фустан со тропски детали и долги ракави кои подоцна заминаа во историјата. Фустанот брзо го украде вниманието на сите присутни, но и на оние кои го следеа доделувањето на малите екрани.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instgaram