Мегафон

Работилницата „Козметички третман на велосипед“ како најава за почеток на Недела на дизајн во Скопје

Работилницата „Козметички третман на велосипед“ како најава за почеток на Недела на дизајн во Скопје

На 14. септември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во 11 часот ќе се одржи работилницата „Козметички третман на велосипед“ која всушност го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week.

Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и Браникца Јордановска.

Велосипедистите кои сакаат да им дадат козметички третман на своите нови или постари велосипеди и на тој начин да ја подобрат видливоста во сообраќајот можат да ја посетат оваа необична работилница и да си заминат со уникатен дизајн на велосипед. Идејата на работилницата „Козметички третман на велосипед“, е да истражи дел од бесконечните можности за надградба на дизајнот и естетиката на велосипедот.

Сите заинтересирани за овој третман може да се пријават на [email protected]

„Недела на дизајн” во Скопје е фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Мала Станица, Јавна соба и во книжарницата Литература во Дајмонд Мол. Мотото на овогодинешното издание е “За новата генерација на Скопје!“

To top