Радио Милева Понудата - (не) важи...

Првото утринско кафе и кажува кој што и посакува, ама овој пат и’ откри и кој се’ сака да ја види Кристина Димитри? (ФОТО)

Првото утринско кафе и кажува кој што и посакува, ама овој пат и’ откри и кој се’ сака да ја види Кристина Димитри? (ФОТО)

Ако старата поговорка вели дека: „По денот утрото се познава“, онаа новокомпонираната кажува дека: „Во  првото утринско кафе се гледа, кој што ти посакува“! По неа се води и Кристина Димитри, на која денот без кафе не и почнува, а штом се разбуди е благодарна на оној што и го сварил.

До душа ако има кого да види покрај себе штом отвори очи, ако не – ќе мора сама се соочи со шпоретот и ѓезвето! Ама и во тоа има убавина, како на пример овој пат кога во кафето Бог и прати знак.

И тоа во вид на „око“, а како што старите кафеџики знаат да кажат, тоа значи дека некој има голема желба да те види? Само кој?

За да не нагаѓа и многу да не му ја мисли, Кристина Димитри ги отвори своите Инстаграм приказни за да си праша: „Кој има толку голема желба да ме види?“ И одговорите почнаа „да врнат“. А како што е редот инфлуенсерски, на секој одговор следуваше и нејзината констатација.

Така на пример, некој би сакал ем да ја види, ем да ја шерне т.е. сподели… во Дубаи. Ама атрактивната тетовка сепак му посака да ужива и за неа… без неа!

До душа има и душички што и се при душа и на пејачката, па и самата нема ништо против за средба.

Некои пак имаат љубовно толкување на појавување око во  утринското кафе. „Опааа…“ – беше нејзината реакција, што баеги ја возбуди и израдува.

Има и такви што за да ја видат во четири очи би дале се’, макар и на минута… или две! Остана само дилемата дали според она: „Скромно“ во коментарот на Кристина, може да се одреди, нивната желба или количината на  нејзините потреби?

До душа има и такви „слепци“ што само за да ја видат и видот би го дале, иако оддамна е јасно дека само „од гледање фајде нема“!  Од друга страна, „на невидено“ – не е баш најарно, затоа мора се’ да биде потаман… „Цакум – пакум“!

Затоа пак една друга констатација за тоа кој ќе ја има таа привилегија да седне на кафе со неа, многу повеќе држи вода. Иако привилигејата исклучиво ќе му зависи од нејзиниот избор, кој среќник ќе биде одбран „да пие од самиот извор“. Кафе се разбира, со Кристина!

Очигледно, многумина би сакале да се  видат со неа на прво утринско кафе, ама што дека… Од само „пуста желба“ нема никакво фајде, се додека таа не ти рече: „Ајде“! А таков среќник се најде и тоа посабајле…

Само што повикот очигледно не беше „повик на комшиско кафе“…

Зашто кога целата слика ќе излезе на виделина, повеќе од јасно станува,  кому му рекла: „Ајде“, Кристина…

Повикот за на кафе е од пријателка, така што, овој пат вашата понуда драги мажи – не важи!

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry

 

 

 

To top