Радио Милева нема утеха

Прво огласување на Александра Поповиќ по загубата на нејзиниот татко (фото)

Прво огласување на Александра Поповиќ по загубата на нејзиниот татко (фото)

Александра Поповиќ, ќерката на  Саша Поповиќ,  за првпат се огласи на социјалните мрежи откако го загуби својот татко.

Таа на својот Инстаграм профил објави црно-бела фотографија од татка си, а во пораката изрази благодарност до сите кои се со неа и нејзиното семејство во овој тежок период.

„Им благодарам на сите добри луѓе кои ни изразија сочувство и кои сочувствуваат со нас во нашата болка. Семејството Поповиќ“, напиша ќерката на Саша, заедно со емотикон со бело срце и раце кои се молат.

 

За потсетување, креативниот директор и основач на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, почина на 1 март 2025 година, по кратко и тешко боледување.

Последните денови ги помина во Париз, во болница, опкружен со семејството и со најдобрите пријатели.

Погребот ќе се изврши во четврток на 6. Март на Бежанијските гробишта.

фото: Instagram printscreen/alexx_23p

To top