Познатата македонска пејачка, рокерката Дани Димитровска пред почетокот на изминатиот викенд се омажи по вторпат. Таа на интимна церемонија се венча со Горан Веселиновски – Весел, поранешен кошаркар, а сега директор на кошаркарскиот клуб „Работнички“.
Дани на својот Инстаграм сподели неколку фотографии од чинот на венчавката и брачната веселба,

На нив се гледа дека меѓу гостите на малата брачна веселба присуствуале блиски луѓе и на младоженецот и на невестата… Кај него од светот на кошарката, кај неа од светот на естрадата.

На едната е заедно со нејзиниот син Лазар кој пејачката го има од првиот брак и ќерката на Веселиновски исто така од неговиот прв брак.

Првата брачна ноќ некои бројат пари и подароци, некои ја „заверуваат“ венчавката со интима за двајца, а Дани што и да одбрала, покажа дека првата брачна ноќ не смее да и влијае на работата. Поточно, работата не смее да трпи заради… знаете веќе што!

Пејачката вечерта се мажеше, ден потоа, на 12-ти септември пееше во Гевгелија, на манифестацијата „Вкуси го југот“!

Оваа седмица пак, во петок на 19-ти септември, репризно тазе мажената рокерка ќе настапува со својот бенд на пивскиот фестивал „Октобарфест“ во рамките на „Културното лето во Ѓорче Петров“.

Инаку, ова е втор брак за Дани, која првиот пат се омажи на 20 години, а една година подоцна го доби синот Лазар.
Фото: Инстаграм/danidimitrovska




