Љубов и секс

Приватен детектив откри 4 знаци дека партнерот ве изневерува! Сè започнува со оваа едноставна работа

Приватен детектив откри 4 знаци дека партнерот ве изневерува! Сè започнува со оваа едноставна работа

„Мобилниот телефон што до вчера немал ПИН код сега не смеете ниту да го погледнете, џебовите пред перење секогаш се празни“ – кои се знаците што клиентите на оваа приватна детективка ги забележале.

Таа е жената што седи на шанк во барот и се преправа дека очекува пријателка и полека пие пијалак, а со телефонот во рака дискретно го фотографира парот во другиот дел од барот за да приложи доказен материјал за нејзините клиенти.

 

Александра Квик (49) веќе една година работи како приватен детектив што „ги лови“ неверните партнери во Велика Британија.

 

Нејзините клиенти плаќаат од 200 британски фунти (235 евра) до неколку илјади во зависност од тоа колку време сакаат да трае следењето на партнерот во кого се сомневаат дека ги изневерува.

 

Во последната година Александра вели дека успеала да „улови на дело“ над 150 луѓе што изневеруваат и да ги разоткрие пред нивните партнери.

 

Александра е разведена мајка на 6 деца и баба на 4 внучиња, а во интервју за The Sun таа разоткрива неколку клучни детали што би можеле да укажат на тоа дека партнерот изневерува.

 

Погледнете кои се тие:

 

Партнерот што претходно немал ниту ПИН на телефонот, сега користи лозинка за отворање и не дозволува ниту да го допрете;

 

Претходно сте се расправале да ги празни џебовите пред да ги стави алиштата за перење, сега џебовите се постојано празни (нема никакви сметки или било какви други докази);

 

Ако го прашате каде бил – обично тоа ќе ви го објасни со голем број детали за да ги прикрие сите траги;

 

Голем број нејзини клиенти пријавиле и дека нивниот партнер мириса необично;

 

Но, Александра признава дека не секогаш кога нејзиниот клиент се сомневал на неверство тоа се покажало точно.

 

Така во многу случаи се случувало мажи и жени да се соменаваат во нивните брачни партнери, а да се докаже дека всушност не постоело неверство.

 

„Ја сакам мојата работа. Мошне е поинаква и ме фасцинира тоа што нема два дена што се исти, но понекогаш се чувствувам истоштено од негативата… Сепак, имам прекрасно семејство што прави да останам здрава и ми помага да запомнам дека има и прекрасни луѓе наоколу и дека не изневеруваат сите“ – вели таа.

 

Александра во својата истрага често се користи со модерната технологија, уреди за следење, уреди за прислушување, како и следење со автомобил. Вели дека се обидува колку може повеќе да дејствува во рамките на законот.

Извор: Попара

To top