Радио Милева голема желба

Прија не штеди пари за опремување на собата на нејзината ќерка – Само за ова искешира 10.000 евра (фото) 

Прија не штеди пари за опремување на собата на нејзината ќерка – Само за ова искешира 10.000 евра (фото) 

Прија ангажира познат италијански дизајнер на мебел, кој наплаќа дури 10.000 евра за креветче и маса за пресоблекување на бебето.

Пејачката Александра Пријовиќ по завршувањето на турнејата „Од исток до запад“ дозна дека нејзиниот сопруг и таа ќе станат родители по втор пат.

По синот Александар, Прија и Филип ќе добијат и девојче, што беше голема желба на пејачката.

Штом докторот ја потврдил добрата вест, Прија се фрлила да ја опреми собата за нејзината наследничка. Таа не сака ништо да препушта на случајноста, па затоа се грижи за секој детал и ќош. Пејачката ангажирала познат дизајнер на мебел од Италија за да креира парчиња мебел по нејзина желба.

– Александра дизајнираше како ќе изгледа собата, па најмила познат италијански дизајнер на мебел, кој ќе направи креветче и пресоблекувална за бебето токму по нејзина желба. Со оглед на тоа дека е рачно изработен и се е уникатно, а мебелот доаѓа од Италија, пејачката ќе издвои дури 10.000 евра. И покрај тоа што е рано во бременоста, Прија веќе го нарача мебелот, бидејќи работите од оваа дизајнерка стигнуваат неколку месеци“, вели извор близок до семејството Живојиновиќ.

Со оглед на тоа што целосно се повлече од очите на јавноста и не излегува многу од дома, Александра секојдневно посетува веб-страници за детски предмети и веќе купила облека за својата миленичка, но и играчки.

фото: printscreen/instgaram/aleksandra.prijovic.fp

To top