Радио Милева траума под хауба

Познатиот „ТВ зевзек“ и стендап комичар уште рано посабајле „остана насмеан“ покрај автомобилот: „Ејјјј… абе, кај е акумулаторот“? (ВИДЕО)

Познатиот „ТВ зевзек“ и стендап комичар уште рано посабајле „остана насмеан“ покрај автомобилот: „Ејјјј… абе, кај е акумулаторот“? (ВИДЕО)

Игор Стојанов – Баркли, познатиот македонски стендап комичар кој е и дел и од екипата на многу популарната хумнмористично-сатирична ТВ емисија „Зевзекманија“, го „опељешија“. Не, не е ни шега, ни виц, ниту некаков телевизиски скеч или скриена камера, туку сурова вистина.

Имено, познатиот  „ТВ зевзек“ и стендап комичар уште рано посабајле „остана насмеан“ штом се најде покрај автомобилот. Пробал да го отвори со далечинското – не сака!

Сигурно се испразнил акумулутарот, си помислил, па вратата ја отворил рачно. Седнал, го ставил клучот или картичката, што ли овој тип на автомобили користи, арно ама колата не пали. Мртва… Палењето – умрено!

Логично комичарот кренал хауба и што ќе види… Акумулаторот не е цркнат, туку „дрпнат“… Арамии преку ноќ хаубата му ја отвориле и акумулаторот му го украле!

„Абе, кај е акумулаторот? Го нема? Е го нема! Си дошле ноќеска си ја скршиле пластиката од маската, си ја пикнале раката, ја отвориле хаубата и си го земале акумулаторот“ – раскажува со кисела насмевка Игор – Баркли кој го ставиле на „тешки маки“ и трошоци, по жештините да ака по сокаци и продавници за акумулатори.

Арно ама, комичарот не би бил тоа што е – познат шегобиец, ако не умее да направи шега и на своја сметка. Затоа и покрај сите маки, Игор – Баркли јавно ги повика арамиите да дојдат за нешто даим даде плус.

Зашто кога веќе го ограбиле акумулаторот, на целата зае**нција нека му се јават да им даде и гаранција… Поточно, гарантен лист за акумулутарот секако, за да можат барем да го продадат поскапо!

„Ова се случува само во Белград во раните деведесетти и кај нас во 2024-та, во Радишани“ – резигнирано резимираше комичарот, раскажувајќи ја приказната за кражбата на акумулаторот!

Фото и видео: Инстаграм/100_janov

To top