Радио Милева а тоа се...

Познати уште 10 финалисти од втората евровизиска вечер, објавен распоредот на настапите во финалето

Познати уште 10 финалисти од втората евровизиска вечер, објавен распоредот на настапите во финалето

Заврши втората полуфинална вечер на Евровизија 2024 на која беа избрани уште 10 изведувачи кои се пласираа во финалето, кое ќе се одржи в сабота на 11 мај.

По избројаните гласови, во финалната вечер ќе настапат и Латвија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија.

Од првата полуфинална вечер во финалето се пласираа Хрватска, Србија, Словенија, Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург.

Објавен е и распоредот на сите 26 земји кои ќе настапат во финалето. Домаќинот Шведска ќе ја отвори финалната вечер во сабота, а последна ќе настапи Австрија.

фото: eurovision.tv/ X / Eurovision Song Contest

To top