Промотер

Познати македонски личности во новогодишната песна за деца поддржана од СОС Детско Село – „Песна што носи љубов и надеж“ (ВИДЕО)

Познати македонски личности во новогодишната песна за деца поддржана од СОС Детско Село – „Песна што носи љубов и надеж“ (ВИДЕО)

СОС Детско Село со гордост ја претстави новогодишната песна која носи силна порака за љубов, надеж и припадност.

Песната е создадена како посебена инспирација на нашите пријатели Мишел Трајковски и Јана Стојановска, со поддршка на многу наши познати личности, и е вистински доказ дека заедно можеме да создадеме магија.

 

Детскиот хор вклучен во рефренот внесува искреност и празнична радост што допира до секое срце силно пренесувајќи ја пораката дека секое дете заслужува љубов, грижа и семејна топлина.

Нема поголемо задоволство од тоа да создадеш нешто што ќе ги направи децата среќни, а во исто време да ги поттикне возрасните да размислат за моќта на заедништвото и љубовта,“ изјавија Мишел и Јана, кои со оваа песна направија вистинско новогодишно чудо

„Учеството на нашите колеги е уште еден доказ дека сите можеме да се здружиме за да создадеме свет исполнет со добрина, особено за оние на кои им е најпотребно – децата. Бидејќи, секое дете е наше дете, а сите ние имаме морална и општествена одговорност да обезбедиме тие да растат во свет полн со љубов, грижа и поддршка.

 

Спотот е исполнет со празнични сцени – од украсување на елката до заедничко пеење, симболизирајќи го домот и припадноста што секое дете ги заслужува. Овој проект е посветен на сите деца со порака за љубов и безгрижни празници.

Песната ќе биде промовирана на социјалните мрежи, телевизии и радија, и СОС Детско Село ги повикува сите да ја споделат, да ја слушнат и да ја поддржат нашата мисија – секое дете да има среќно детство исполнето со грижа и сигурност.

Оваа песна е нашиот начин да ја споделиме радоста на празниците и да ја испратиме пораката дека љубовта и поддршката се најубавите подароци за сите деца, велат од СОС Детско село.

To top