Радио Милева лага или вистина без доказ?

Познат црногорски инфлуенсер тврдеше во емисија дека татко му бил во шема со покојната Ксенија Пајчин, а на тоа се огласи нејзината сестра Миа: „Мртва уста не може да зборува…“ (ФОТО)

Познат црногорски инфлуенсер тврдеше во емисија дека татко му бил во шема со покојната Ксенија Пајчин, а на тоа се огласи нејзината сестра Миа: „Мртва уста не може да зборува…“  (ФОТО)

Црногорскиот инфлуенсер Јован Радуловиќ, попознат како Јоџир, ја шокираше јавноста во една емисија во живо со приказната дека неговиот оженет татко бил со покојната пејачка Ксенија Пајчин.

„Мајко, извини, но тоа е вистина. Не можам да тврдам, само го кажувам она што го кажаа луѓето. Да, тоа беше кога Ксенија дојде во Херцег Нови, „Сунчане скале“ се во прашање. Тогаш татко ми беше во жирито, не, лажам, тој беше зад жирито, пред тоа разговараше со мајка ми и и’ рече: „Можеби ќе одам, можеби не“, но покрај него беше Ксенија. Татко ми тогаш ја изнајми вилата на Тито.

 

Радуловиќ раскажа и една анегдота што тогаш се случила:

„Татко ми тогаш возеше мерцедес Ес класа и ја скрши антената од мерцедесот, беше тоа онаа голема антена, па седна во првиот ред зад жирито. Тој му кажуваше на операторот со кранот да не поминува покрај него кран камерата затоа што ќе да го видат. Јас, мајка ми и сестра ми го гледаме фестивалот од дома.

Кранистот малку се занесе и го покажа, а господинот Рајко седи вака, а Ксенија ја потпрела главата на него. Тој пак го чука другиот со таа антена и вика: На група Луна, дај и 12-ка. Јас бев тој што викна: „Мајко ене тато, 2 -3 месеци го немам видено. Доаѓа мајка ми, го гледа и вели: „Е, сега ти ја е*ав мајката“, раскажал Јован Радуловиќ.

Во оваа прилика се огласи и Миа, сестрата на покојната пејачка Ксенија Пајчин, која  приказната очигледно многу ја потресла.

„Мртвата уста не може да зборува. А вие сите само раскажувајте“ – напишала таа на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/hypetv.rs and jodziir/ksenija_pajcin/ mia_pajcin

To top