Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, замина на заслужен одмор.
Таа моментално престојува на Ибица, од каде се огласи преку социјалните мрежи.
Анастасија уживаше на јахтата облечена во колоритен костим за капење, а на страницата на Инстаграм посветена на нејзиниот стил беше објавено и колку чини нејзиниот аутфит.
Костимот за капење кој таа го носеше чини 5.000 динари, додека капата вреди 550 евра.
View this post on Instagram
За време на одморот, Анастасија го сподели и својот избор за ноќно излегување – тесен топ, мини здолниште и длабоки чизми, покажувајќи го својот препознатлив моден стил, а со неа беше и сестрата на Немања, Вања.
Анастасија Ражнатовиќ замина на одмор откако извесно време помина во Србија.
Ражнатовиќ пристигна на Ибица за што ги информираше следбениците на Инстаграм, а по тој повод се огласи со видео кое предизвика големо внимание.
фото:Instagram printscreen/ raznatovicanastasija