Радио Милева разделба

Повторно слободен – Војаж раскина со својата девојка, па откри детали (фото)

Повторно слободен – Војаж раскина со својата девојка, па откри детали (фото)

 Раперот Михајло Веруовиќ Војаж откри дека ја прекинал врската со Тамара Кујачиќ, нагласувајќи дека нивната разделба била пријателска и без несогласувања.

Тој призна дека сега е повторно слободен и планира да се фокусира на кариерата и личниот развој.

– Се разделивме сосема нормално, помина некое време. Решив да се посветам на кариерата и да работам на себе во наредниот период. Ми претстои и филмска улога, но сѐ уште не можам да зборувам за тоа, и нов албум до крајот на годината – изјави Војаж за Информер.

Да потсетиме, Михајло неодамна откри што му пречи кога е во прашање односот со Тамара:

– Нејзе и замерувам што живее на 2000 километри од мене. Но, љубовта нема граници и јас се залагам за тоа. Се запознавме во Нови Сад. Кога некој доволно се сака себеси, нема граници. Верувам во љубов, а во љубов на далечина се колнам – искрено изјави Војаж во емисијата „Цеца шоу“, а призна и дали бил љубоморен:

– Не сум љубоморен, но сум посесивен. Територијално, тоа што е мое е мое. „Не би сакал некој да има нешто што е мое, но не сум љубоморен“, изјави Војаж.

фото: printscreen/instаgram

To top