Радио Милева не се грижи како изгледа

Повеќе не личи на себе: Сите лудуваа по неа, а сега никој не ја препознава на улица (фото)

Повеќе не личи на себе: Сите лудуваа по неа, а сега никој не ја препознава на улица (фото)

Бриџит Фонда некогаш беше холивудска убавица, вистинска икона на 90-тите, позната по нејзиниот атрактивен изглед, витка линија и шарм.

Со улогите во филмовите како „Слободна бела жена“ и „Џеки Браун“, таа стана симбол на сексапилот и гламурот на тоа време.

Меѓутоа, откако реши да се повлече од холивудската сцена, Фонда почна да се релаксира и да живее живот надвор од центарот на вниманието.

Без притисоците на филмската индустрија и холивудските стандарди за убавина, нејзиниот изглед се промени. Таа полека престана да се грижи за својот изглед, а папараците обожаваа да ја фотографираат во опуштени, запоставени комбинации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The ’80s Ruled (@80sruledtheworld)

Нејзината трансформација стана предмет на шпекулации во јавноста, а медиумите често ја прикажуваа како жена која целосно се опуштила, со изглед кој во многу случаи изгледа запоставен.

Сепак, во последното појавување во јавноста, Бриџит ги изненади сите. На прославата на нејзиниот 61 роденден, таа беше видена како изгледа многу послаба отколку што беше во последните години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moxey (@moxeyblonde)

Актерката го помина денот шетајќи со пријателка низ населбата Енсино Хилс во Лос Анџелес, покажувајќи го својот потенок струк и послаби раце во ретко појавување во јавноста. Ваквото враќање на формата изненади многумина, особено што сето тоа доаѓа во време кога Холивуд е зафатен од „оземпичка“ треска – феномен во кој многу познати личности го користеле лекот за слабеење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Top Celebs (@topcelebs13)

Фонда носеше светло сива маица и црни панталони, а нејзината светло сива коса беше повлечена назад во широка пунџа. Таа носеше минимална шминка, а носењето црни очила за сонце и дополни на нејзиниот стил. Иако изгледаше послабо, многумина забележаа дека не носи бурма од нејзиниот сопруг, филмскиот композитор Дени Елфман, што дополнително ги поттикна шпекулациите за нејзиниот приватен живот.

фото: printscreen/instagram/topcelebs13/moxeyblonde

To top