Радио Милева Твојата насмевка е сè

Повеќе не го крие: Сенидах после три години, конечно го покажа осум години помладиот љубовник (ФОТО)

Повеќе не го крие: Сенидах после три години, конечно го покажа осум години помладиот љубовник (ФОТО)

Пејачката Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, три години откако се појави информацијата дека е во интимна врска со него, објави фотографија со својот осум години помлад љубовник Стефан.

Стефан завршил поморско училиште и работел како обезбедување во ноќен клуб и сосема случајно ја запознал пејачката, по што набрзо влетале  во љубовна романса.

 

Иако на почетокот го криеше, Сенида за прв пат го покажа на јавноста на Денот на вљубените, 2021 година. Сега пејачката на својот Инстаграм објави заедничка фотографија со Стефан придружена со емотивен опис.

„Се враќам дома“ – напиша таа со емотикон со црвено срце. Да потсетиме, на крајот на 2019 година се дозна дека пејачката има момче, а во април 2021 година (кога последен пат го покажа своето момче) објави фотографија со него, заедно со описот:

„Денеска ми покажа колку си прекрасна личност и колку сум среќна што те имам во мојот живот. Ќе те сакам засекогаш! Твојата насмевка е сè“.

Фото: Инстаграм/senida_h

To top