Радио Милева емоции

„Постојано плачам“: Победничката на „Задруга 6“ ги откри плановите за иднината по изглегувањето од породилиште (фото)

„Постојано плачам“: Победничката на „Задруга 6“ ги откри плановите за иднината по изглегувањето од породилиште (фото)

Победничката на шестата сезона на реалното шоу „Задруга“, Александра Николиќ се породи на 17 април и на свет донесе девојче на кое со нејзиниот партнер Филип Цар и го дадоа  името Леона.

Александра сега проговори за медиумите и откри дека се чувствува добро по породувањето, како и дека е пресреќна бидејќи ја постигнала најважната улога во животот.

– Добро сум, се опоравувам. Пресреќна сум, ова никогаш не сум го почувствувала – изјавила Алекс, а потоа открила дали знае кога бебето и таа излегуваат од породилиште:

– Сѐ уште сум во породилиште. Не знаеме кога ќе излеземе, но се надеваме наскоро – одговори таа.

Поранешната учесничка во реалното шоу откри дека таа и Филип заедно одлучиле како ќе се вика нивното бебе.

– Заедно се договоривме јас и Филип. Имав некои предлози, па и тој, но на крајот се договоривме за Леона. Има многу убаво значење, лавица, се надевам дека така ќе се бори во животот – изјави Николиќ, која откри и како поминало породувањето.

– Изгубив малку железо. Јас сум анемична по природа. Не одеше онака како што сакавме. Царицата сакаше царски да излезе. Навистина се опоравувам – изјави Алекс. Таа призна дека по турбулентниот период сега се е во ред во врската со неа и Филип и дека тој е пресреќен што станал татко.

– Секако, се е во ред. Тој се заљуби во бебето, а и јас. Дури сега ја почувствував таа вистинска љубов и емоција – рекла Александра и истакнала дека често плаче.

-Кога и да ја видам плачам. Не ме сфаќајте погрешно, тоа се солзи радосници. Некои емоции ме обземаат и тоа е необјасниво – искрено одговори Александра. Открила и на кого личи Леона.

– Таа личи на Филип. Тој е мојата најголема љубов и мило му е што личи на татко и. Само посакав за време на бременоста таа да ги има неговите сини очи и таа ги има. Се трудам постојано да ја имам Леона покрај себе – изјавила таа.

Конечно, таа ги откри своите планови за иднината.

– Ќе бидам во Белград, да се опоравам и бебето малку да порасне. После тоа ќе бидеме во Хрватска, па ќе видиме – изјави Алекс во емисијата „Премиер викенд – специјал“.

 

фото: printskrin/instagram/alex_mima_official

To top