Јелена Карлеуша не беше сама во февруари кога беше на патување во Париз.
Всушност, таа беше во најубавото друштво – таму беа нејзините ќерки Атина и Ника.
Девојките ни ја покажаа и ноќната панорама на градот од терасата на нивниот хотел, а позираа во стил на топ модели.
Помладата Ника тогаш ги воодушеви следбениците со навидум сосема обично парче облека, но и со романтична фризура која целосно се вклопи во класичната париска сцена, а во далечината се наѕира Ајфеловата кула.
И додека таа е активна на популарната платформа TikTok, нејзината постара сестра одамна не сме ја виделе.
Никаде ја немаше со месеци, ја нема ни на мрежите… Сега е сериозна тинејџерка која веројатно не би ја препознале доколку ја сретнете на улица.
фото: printskrin/instagram