Радио Милева повторно заедно?

После грст навреди, натегања и и недоразбирања, изгледа дека се смирија јутјуберот Бака Прасе и неговата девојка Ања Бла? (ВИДЕО)

После грст навреди, натегања и и недоразбирања, изгледа дека се смирија јутјуберот Бака Прасе и неговата девојка Ања Бла? (ВИДЕО)

Раскинувањето на најпознатиот јутјубер во регионот Бака Прасе и неговата девојка Ања Бла привлече големо внимание, а сега се’ повеќе се шпекулира за нивно смирување.

Имено, на социјалната мрежа „Х“ се појави заедничко видео од станот на кое неодамнешните партнери си се извинуваат.

– Би сакал јавно да се извинам како и приватно. Знам дека бев непријатен, но искрено ме повреди кога ги репостираше изјавите на моите непријатели“ – рекол Бака Прасе.

– И мене ми е криво, си се извинивме еден на друг за непријатностите – рекла Ања.

Видеото набрзо стана вирално и наиде на бројни коментари. Меѓу оние кои жестоко ја осудуваа Ања, имаше и такви кои беа на мислење дека се работи за видео снимка направена во поранешниот период.

 

“Дали е ова старо видео или што? Какви шифри”, “Па, таа е во фармерки и блуза, ова не е сега снимено. На 40 степени е, таа не би го носела ова”, “Кутрата, овој кретен ја понижи на најлош можен начин, а таа се’ уште клечи пред него и се однесува како негова слугинка“ – се само дел од  многуте коментари.

To top