Македонската музичка сцена е мала, па оттука работата на медиумите е ограничена и тешко остварлива за реализација кога треба да се сними емисија, направи интервју и сл, а освен тоа треба да биде интересна и да задржи внимение за гледачите, слушателите или читателите.
Познатите гости кои ги гледаме пред камери во емисии, најчесто се очекувани, па кога ќе се направи исклучок, секогаш е добредојдено. Еден таков пример имаше неодамна со изборот на гостинките во емисјата „7-мо небо“ со Марјана Станојковска каде гостуваа пејачката Соња Тарчуловска и нејзината ќерка Мелани.
View this post on Instagram
Можеби подзаборавени и не така ултра актуелни периодов, а со тоа и интересни за гледање како за промена.
Она што двете ги поврзува е музиката и веќе познато дека првата наследничка на Соња тргна по нејзините стапки, па засега токму музиката е нејзинта професионална животна определба.
Соња и Мелани за првпат имаа заедничко искуство пред камери, односно да гостуваат во иста емисија, да зборуваат за себе и секако да запеат.
View this post on Instagram
Двете облечени во елегантни тесни тоалети, избрале есенски нијанси, мајката во кафено, ќерката во младешка впечатлива и доминантна интензивнa жолтa.
За потсетување, Мелани минатата година имаше обид за учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, има неколку свои песни, се потпишува и како автор, па за вака амбициозна, млада и преталентирана дама, иднината по вистинскиот пат кој го замислила е пред неа.
Дали музичките афинитети на мама Соња ќе ги покажат и помалите Младен и Јоана, останува на времето да покаже.
фото: Instagram/ Facebook/ Соња Тарчуловска/ marjanamay