Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, на кратките приказни на Инстаграм, ги израдува своите следбеници со една приватна фотографија која ја сподели со повод.
Имено Иџе и сопругата Емче се горди родители на Нина и Олег. Синот Олег денес слави роденден, а токму тоа е и големиот повод поради кој македонскиот шампион се пофали јавно на кратките приказни пред сите.

Гордиот татко ја одбрал омилената фотографија од синот и пред јавноста покажа приватен момент од одморот. Имено , неговиот син позира во летно издание, а Иџе му посака среќен роденден, па го тагна и на неговиот профил.

Инаку, Иџе еднаш кажа дека сѐ она што го научил од неговите родители сега им го пренесува на децата и така ги воспитува. Според него најважно е да бидат човечни и нормални, а финансиите, славата, сè е тоа минливо.
Не ретко додека Иџе е на трка, дома се слави некој убав голем повод како полуматура, или роденден на член од семејството, но како и да е тие секогаш се покрај него, и се неговата најдобра поддршка, каде што е тој.

Foto: print Screen/Instagram/igor_stefanovski_idze







