Радио Милева само еден лајк

Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон доби дете – Актерката не можеше да ја скрие својата реакција

Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон доби дете – Актерката не можеше да ја скрие својата реакција

Актерот Џастин Теру стана татко. Неговата 23 години помлада сопруга, Никол Брајдон Блум, се породи, а среќните родители ја објавија убавата вест на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што многумина им честитаа за нивното ново бебе под објавата, поранешната сопруга на Џастин, Џенифер Анистон, исто така имаше своја реакција. Познатата актерка не сакаше да коментира, но остави „лајк“ под објавата на Никола.

Џенифер отворено проговори за својата долгогодишна борба да стане мајка, но и за тоа зошто не сакала да посвои дете. Поради ова, таа дури се најде и мета на разни коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Brydon Bloom (@n.brydonbloom)

„Доаѓа момент кога сфаќаш дека повеќе не е под моја контрола. Буквално нема ништо што можам да направам во врска со тоа. Кога луѓето велат: „Но, можеш да посвоиш“, јас не сакам да посвојам. Ги сакам моите гени во мало суштество. Тоа е единствениот начин, себично или не, како и да го гледа некој, тоа е она што го сакав“, рекла таа во тоа време.

Џенифер Анистон и Џастин Теру беа во брак околу две години, иако почнаа да се забавуваат во 2011 година. Официјално се разведоа во 2017 година, но останаа во пријателски односи.

To top