Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ често е критикувана поради исхраната.
Според многумина, контроверзни се и принципите до кои се придржува. Еднаш раскажала дека пробала алкохол само еднаш во животот, но дека го поднела многу лошо.
– Пробав кафе, не ми се допадна. Всушност, повраќав цела ноќ после тоа. Пробав и цигара, па пак поврќава цела ноќ. Пробав алкохол, повраќав три дена и ослабев четири килограми за тоа време. Се обидов барем неколку пати – изјави тогаш Јелена.
Јелена нема ниту еден порок, а не пие ниту кафе.
– Не користам кофеин во ниедна форма. Ниту во зелениот чај. Можеби кафето не е порок за повеќето луѓе, но за мене порок е се што може да предизвика зависност кај мене од која не би можела да се ослободам. Не ми се допадѓа помислата да ја изгубам контролата над моето тело – рекла Јелена.
– Ако не користам кофеин, како би се опуштала, би го задржала фокусот и би останала будна, која е алтернативата? Направив малку истражување и добив многу добри идеи и предлози. Најдов цел да го променам начинот на кој размислувам за храната, вежбањето, здравјето воопшто. Сè имаше повеќе смисла кога вложив повеќе време за подобро да го разберам тоа – изјавила тогаш таа, а ја пренесува Satisfied.rs.
Таа меѓу другото додала дека сите мислеле дека ќе почне да пуши и да пие кафе.
-Кога почнав на факултет ми рекоа дека дефинитивно ќе почнам да пушам и да пијам кафе, алкохол или енергетски пијалоци. Тоа го прават „сите“ кога одат на факултет. Така се борат со стресот и заморот. Тоа се пороците на растењето.
фото: printscreen/instagram