Живот и стил

Полнети јајца: Гурманско предјадење кое прво исчезнува од масата

Полнети јајца: Гурманско предјадење кое прво исчезнува од масата

Ќе ви треба:

4 јајца
100 г шунка или колбас
2-3 кисели краставички
3 лажици мајонез
2 лажици сенф
сол
бибер

Подготовка:

Сварете ги јајцата, потоа исечете ги на половина и отстранете ја жолчката. Измешајте ја шунката, киселите краставички и жолчката, па зачинете сè со сенф и мајонез. Добро промешајте ја целата смеса за да се соединат добро состојките. Наполнете ги јајцата со подготвената смеса, па декорирајте по желба.

фото:Freepik
извор:попара.мк

To top