„Г-Карпет“ е забавно ток шоу кое се прокламира како уште една доза позитивна енергија во етерот… Миро Кацаров и неговите две помлади водителки Моника Црнокрак и Ева Јовановска, се трудат со својот шарм и убавина да му дадат дополнителна доза на повеќеминутно ТВ опуштање пред ТВ екраните. Така барем тоа го доживуваат ТВ гледачите, арно ама дали скогаш и гостите?
За да биде позбавно и поинтересно понекогаш мора да има и понекое скокотливо прашање, особено кога ќе дојде редот на Ева и нејзините дали ова или оноа , или едно или друго… А гостинот мора да одбере едно од двете!
Во едно од последните изданија гости три македонски музички имиња. Двајца пејачи и една прејачка, двајца арслани и една дама, какви што се Димитар Андоновски, Александар Тарабунов и Полина Тасева.
Откако Миро ги прорешета со своите прашања, констатации и забелешки, а Моника умешно се надоврзуваше на она што водителот ги прашуваше, а тие гостите одговараа, дојде време и за уште една игра со Евче. И тоа онаа најнезгодната, наречена што би одбрале? Едно или друго?
Меѓу сите прашања за Тара, Диме и Полина, на долгоногата убавица и се падна едно малку понезгодно, кое на кратко ја замолчи.
„Што би одбрала, да немаш интимни односи еден месец или да не јадеш два дена?“ – ја шокираше прашањето на водителката, пејачката, која во прв момент не знаеше што да каже, што да одговори, па реши мудро да молчи.
И додека останатите почнаа слатко да смеат и да ја задеваат, Ева го повтори прашањето, а Полина додека размислуваше што помалку би и недостасувало, што тоа полесно би можела да поднесе, два дена да не јаде ништо или еден месец да апстинира од… знаете веќе што, колешката на Ева, Моника „се истрча“ со одговорот во стилот: „Знаеш колку е лесно да не јадеш два дена?“
И додека во молк и штама останатите чекаа што ќе каже Полина, реши да се согласи со Моника, на што Ева имаше своја реплика: „Значи, потешко е другото, а?“ – констатираше помладата водителка, по што се разви забавна дискусија.
Каква и како сето тоа изгледаше – погледнете од видеото во продолжение, кое ем ќе ве изнасмее и развесели, ем „дебело“ замисли:
Фото и видео:YouTube/G-carpet