Поранешниот модел на „Викторија Сикрет“ Адријана Лима прошета по пистата во црн макси фустан од Сајмон Порт Жакемус, кој го откри нејзиниот задник.
По нејзиното појавување на пистата, сите ги држеа телефоните во раце, а причината е гламурозниот фустан, модел со длабоки отвори на страните кои го покажуваат стомакот и грбот.
View this post on Instagram
Лима со заводлива прошетка ја покажа својата женствена страна, а видеото го објави магазинот „Вог“. Бројни корисници во своите коментари истакнуваат дека таа е „најубавата жена на светот која никогаш немала и нема да има конкуренција“.
Сепак, нејзиното појавување на ревијата беше олицетворение на сексипилност, женственост и елеганција. Таа докажа дека убавината и ставот немаат врска со големината на облеката или возраста, туку со внатрешната сила.
фото: Instagram printscreen/adrianalima