Сите сакаат сарми, без разлика дали се направени со зелје, лозов лист или кисела зелка, но овие необични тиквички се љубов на прв залак. Тиквичките исцедете ги, па наполнете ги со освежителен фил и свиткајте ги ролни. Никогаш не било полесно за подготовка, а вкусот е волшебен.
Состојки:
2 тиквички
1 домат
100 гр кашкавал
3-4 чешниња лук
2-3 лажици мајонез
3 јајца
брашно
магдонос
Подготовка:
Тиквичките исецкајте ги на кришки по должина. Посолете ги и оставете ги да се исцедат. Кашкавалот изрендајте го и измешајте го со сецканиот лук, сецканиот магдонос и мајонезот. Убаво исушете ги тиквичките и потоа валкајте ги во брашно, па во изматени јајца. Пропржете и извадете ги на хартија да се исцедат. Премачкајте ги со смесата, па одозгора ставете сечкани домати и свиткајте ги вролна. Затворете со чепкалка за заби.